Откако Меѓународниот автомобилски саем (IAA) му „заврте грб“ на својот долгогодишен организатор Франфурт на Мајна, новоизбраниот центар Минхен треба да прерасне во новиот долгорочен „папок“ на автомобилскиот свет. Автомобилскиот саем според договорот треба да се спроведе најмалку двапати на новото место во баварската метропола.
Договорот ги опфаќа 2021 и 2023 година, како што најавија од Messe München и Verband der Automobilindustrie (VDA). Има и опција за 2025година. „Нашата перспектива е долгорочна“, рече портпаролот на Messe München. Во 2021 година се предвидува IAA да се одржи од 7 до 12 септември.
Концептот предвидува покрај изложениот центар во изложбата да биде вклучен и самиот град.
„Ќе можеме да го испитаме овој модел на IAA во саемските сали, на плоштадите во центарот на градот и по основните големи сообраќајни правци. Нашата цел е да контактираме и разговараме со многу возачи, експерти и странци за време на саемот.
IAA се одржуваше во Франкурт на Мајна во послендите 70 години, но на крај ги загуби изложувачите и посетителите. Сега „приливот“ од нив треба да се врати одново. Тоа значи дека акцентот ќе биде ставен на шикот место на банкарската метропола.