Минатата недела Tata Motors го претстави најевтиниот електричен седна чија цена изнесува околу 12 илјади евра. Меѓутоа тоа е далеку од најевтин електричен автомобил, а за тоа да биде така се погрижи кинескиот Yogomo 330, автомобил кој чини само 4 илјади евра.
Станува збор за мал градски електричен автомобил кој е дол само 3.450 мм, широк 1.500 мм,висок 1.480 мм, а доаѓа со меѓуоскино растојание од 2.385 мм. Располага со електричен мотор кој продуцира 13 kW односно само 17.5 КС, а благодарение на фабричката батерија, со едно полнење при целосен капацитет може да помине максимални 250 км. Максималната брзина изнесува 60 км/ч.