Нов двосед кабриолет од Volkswagen

ОБЈАВЕНО НА:

Во Volkswagen направија план за инвестирање на вкупно 80 милиони евра за изработка на откриен кросовер на база на T-Roc. Производството ќе почне во првата половина на 2020 година во фабриката во Оснабрик. Главниот директор на Volkswagen, Херберт Дис смета дека веќе располагаат со богата гама на кросовери и додавање на „емоционален“ автомобил кон неа е сосема логична постапка. До 2020 година, Германците ќе имаат дури 20 двосед модели, а делот во продажбите ќе достигне до 40 проценти.

Средствата кои се издвоени за новиот кросовер ќе бидат вложени во модернизација на производствените линии во Оснабрик и оптимизирање на логистиката. Планирано е да се произведуваат до 20.000 возила годишно.

Volkswagen го покажа кросоверот со мек таван на саемот во Женева во 2016 година. T-Cross Breeze беше опремен со 1,0 литарски трицилиндричен мотор со моќност од 110 коњски сили и максимален вртежен момент од 175 Нм, заедно со седумстепен роботизиран менувач.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK