По моделите MOKKA X и Crossland X семејството на Opel се збогатува со нов член - Grandland X. Тој му доаѓа нешто како голем брат на моделот Crossland X. Двата нови кросовер модели (ЦУВ) ќе бидат претставени во 2017 година, и претстсвуваа спој на елеганцијата на СУВ возила и високо ниво на динамика на возењето.
Моделот Grandland X совршено одговара на активниот стил на животот денеска со својот неодолив изглед на теренец, подигнати седишта, добра прегледност, лесно излегување и влегување од возилото и со доста места за багажот.
Стилот на автомобилот го комбинира робусниот изглед и елеганција, додека дизјанот на внатрешноста е многу комфорен, а во исто време и особено привлечен.
Моделот Grandland X ќе ја прошири понудата на компанијата Opel во класата на особено популарни компактни автомобили каде ќе се придружи на успешната Astra, која ја доби наградата „Автомобил на годината за 2016“ во Европа, и моделот Zafira со седум седишта што неодамна беше претставена.
Grandland X е дел од офанзивата на Opel за нови модели во кој аофанзива се планирани вкупно 29 нови модели во периодот од 2016 до 2020 година. Opel Crossland X ќе влезе во Б сегментот во прват аполовина на 2017 година, во сегмент каде СУВ моделот MOKKA X е веќе продадена во повеќе од 60.000 примероци. Opel Grandland X се наоѓа во сегмент над другите модели од истото семејство, а во Европа секое петто продадени возило припаѓа на компактната класа автомобили.