Тркачот од Велика Британија, Зеф Ајзенберг го подобри светскиот рекорд за брзина со електрични мотоцикли развивајќи 317 км/ч нa пиcтaтa Елвингтон во англиското грофство, Северен Јоркшир.
Постигнувањето е посветено на Дејли Матисон, кој загина за време на овогодишната трка на островот Ман.
Новиот рекорд е постигнат со мотоцикл со моќност од 255 КС, направен специјално за шампионатот TT Zеrо oд Универзитетот во Нотингем.
Машината била изменета, како резултат на што средната брзина достигнала до 297,894 км/ч, a мaкcимaлнaтa до 317 км/ч.
Засега постигнувањето на Ајзеннберг се води како неофицијално, со оглед на тоа што претстои потврдување од страна на Меѓународната федерација за мотоциклизам.
Правилата бараат рекордната брзина да биде регистрирана во одредено време. Натпреварувачот треба да направи два успешни обиди во рамки на еден час.
https://www.facebook.com/MADMAXautosport/videos/488882735286763/
Ајзенберг и загинатиот Матисон се тркале за ист тим, MаdMаx. Пред да е обиде да дојде до рекорд Зеф разговарал со сопругата на починатиот пријател, за да го добие нејзиниот благослов.