Новиот седумстепен автоматски менувач кој ќе биде поставен во сите нови модели на Mini ќе биде можност за далеку подобри перформанси на возилата од досега, а притоа ќе дојде и до смалување на потрошувачката на гориво.
Раководството на Mini веќе потврди дека 7-степениот менувач ќе биде достапен во сите возила, а се работи за менувачки склоп со двократно квачило. Со него се раздвојуваат парните и непарните степени на пренос, а промената е значително побрза.
Концептот е ист како и кај повеќето произведувачи на автомобили, а добро е познато дека најславниот таков менувач е DSG, кој се вградува во сите модели од Volkswagen.