Нов асистент во Volvo за подобро возење во свиоците

ОБЈАВЕНО НА:

Новиот асистент на Volvo ветува поголема безбедност на патиштата со сè повеќе и потешки своици. Тој има за цел да спречи пребрзо вртење со помош на прилагодлива круз контрола. Таканаречениот „менаџер на свиоците“ е на бордот во сите модели од семејствата на Volvo 60 и 90 со системот за помагање на возачот „Pilot Assist“. Овој систем „Pilot Assist“ е стандарден за превозните средства од семејството на Volvo 90. Системот се нуди со доплаќање кај моделите Volvo 60.

„Брзината, адаптирана кон условите на патот, може значително да го намали ризикот од несреќи“, вели производителот. Поради оваа причина Volvo нуди Curve Speed Assist (CSA), кој ги дополнувa функциите на адаптивната круз контрола и системот Pilot Assist во движење.

Асистентот за свиоците може самиот да ја намалува брзината пред острите своици, доколку брзината на движење се класифицира како премногу висока. За целта на системот се користат податоци од картата на навигацискиот систем Sensus. После преминувањето низ свиокот автомобилот одново се забрзува до претходно поставената висина на брзината.

Ова дејство е стандардно, но ако барате повеќе спортски возења, опцијата „Dynamic“ е достапна. При активирање и автомобилот влегува во свиоците малку поспортски и забрзува малку повеќе при излегување од свиокот.

Асистентот за брзина во свиокот треба да биде избран во системот Sensus на автомобилот како дополнување кон адаптивната круз контрола или функцијата Pilot Assist. Возачот може да ги откаже во секое време со притискање на педалата за гас или на кочницата.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK