Норвежаните во 2017 година купувале најмногу електромобили

ОБЈАВЕНО НА:

Норвешка е земјата каде што продажбата на електромобили има земано најголем замав, а во 2017 гдина биле продадени голем број на електрифицирани возила. Според податоците од организацијата OFV (Norvegian Road Federation), пазарниот дел на елетрични и хибридни автомобил во земјата стигнал до 52 проценти. Ова е за 12 проценти повеќе во однос на 2016 година.

Меѓу најпродаваните возила во Норвешка за 2017 година има пет кои се целосно електрични возила. Се работи за Volkswagen Golf (1), BMW i3 (2), Tesla Model X (4), Tesla Model S (7) и Nissan Leaf (8). Вкупниот број на продадени возила бил 158.650.

Инаку, Volkswagen e компанијата која продала најголем број на возила во Норвешка. Има продадено што 23.212, а потоа следуваат Toyota со 17.980 и BMW со 13.119.

Во топ 10 се најдоа и: Volvo (11.750), Mercedes (10.625), Skoda (9.049), Tesla (8.460), Audi (7.673), Ford (6.815) и Nissan (6.365).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK