Норвешка пред целосно откажување од бензин и дизел – во продажбата доминира Audi e-Tron

ОБЈАВЕНО НА:

Пазарот на автомобили во Норвешка не е премногу голем, но и покрај тоа што ќе требаат нови електрифицирани автомобили и технологии, оваа земја е најпрогресивна низ целиот свет.

Според резултатите од продажбите во март годинава, делот на „обичните“ бензинци и дизел автомобили во Норвешка е едвај 18% (бензинци се само 8%).

Другите 82% припаѓаат на електрични возила и хибриди (во поголем дел со можност за полнење од мрежата).

Останува само уште малку и Норвешка да стане првата држава во светот, која целосно ќе ги изостави автомобилите со традиционални мотори со внатрешно согорување. И тоа е доброволно.  Погоре во табелата се и најпопуларните електромобили во Норвешка.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK