Норвешка не е повеќе најголем пазар на EV возила во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Супериорноста во продажбата на нови, електрични автомобили на Норвешка е надмината. Европа има нов владител кога се во прашање EV, а тоа е Германија.

Германија до овој примат дојде откако во првата половина годинава во оваа земја се продадоа 48 илјади електрични автомобили што е за нешто повеќе од 4 илјади споредбено со Норвешка.

Во однос на продажбата во останатите европски земји, продажбата бележи тренд. Така во Франција продадени се 29 илјади автомобили што е пораст од 38% споредбено со минатата година. Во Велика Британија продадени се 27 илјади автомобили, а во Холандија 20 илјади што е пораст за 122%.

Инаку интересен е податокот што Норвешка со само 5.3 милиони жители веќе неколку години генерира најголема продажба на нови електрични автомобили во Европа, па токму тоа е и причината зошто изминатите неколку години многу производители за премиера на своите EV модели ја избраа оваа скандинавска земја.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK