Најсеверниот производител на гуми во светот, Nokian Tyres, ја доби наградата „Фаворит на потрошувачите за 2018 година“ во класификацијата за задоволство на потрошувачите подготвена од страна на германското бизнис списание Focus Money и Deutschland Test.
Истражувањето спроведено низ цела Германија, истражува брендови кои се особено популарни кај потрошувачите.
Во истражувањето биле вклучени вкупно 53 милиони лица на социјалните мрежи и 350 милиони онлајн за 3000 брендови од 145 индустрии, кои се анализирани од јуни 2017 година до мај 2018 година.
Разгледувани се размислувања на корисниците односно цена, услуга, квалитет и целокупен имиџ на компаниите.
Nokian Tyres доби максимален број од 100 поени и се најде на првото место во категоријата на автомобилски гуми.
Nokian Tyres дојде до оваа победа благодарение на најдобриот однос на квалитет-цена и одличната услуга.
Според проучувањето потрошувачите исто така го оценуваат високиот квалитет на продуктот и имиџот на брендот.