Нои детали за првиот SUV на Lotus – ќе се произведува во Кина

ОБЈАВЕНО НА:

Уште пред три години кинеската компанија Geely Motors која го поседува брендот Lotus, го најави првиот SUV на овој модел.

Сепак иако требаше премиерно да биде претставен годинава, тоа засега се нема случено, но кинеските медиуми објавија новост поврзана со SUV моделот Lambda.

Како што соопштуваат овие медиуми кои при тоа објавија и скица од моделот, производството ќе се спроведува само во Кина, поточно во фабриката во Вухан. Ќе се темели на SPA платформата иницијално развиена во развојниот центар на Volvo која се користи кај моделите XC60 и XC90.

Познати се и димензиите, па така должината ќе изнесува 4.900 мм, тежината 2.200 кг, а во понудата ќе биде достапен со бензински мотори како и хибридна и една целосно електрична верзија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK