понеделник, 25 декември, 2025 година

Не е одржливо да постојат 100 кинески марки на електрични автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Извршната директорка на General Motors, Мери Барa, предупреди дека моменталната состојба на кинескиот пазар на електрични автомобили, каде што над 100 различни производители водат агресивна војна со цени – е целосно неодржлива.

Во интервју за американскиот подкаст Decoder, Барa истакна дека пазарот во Кина е „пренатрупан и длабоко нарушен“ поради масовните државни субвенции и постојаното создавање нови брендови и подбрендови.
„Не е можно повеќе од сто компании да се натпреваруваат со ценовна стратегија, тоа едноставно не може да опстане на долг рок,“ нагласи таа.

- Advertisement -

Последната деценија, кинеската влада ги поттикнува домашните производители со огромни финансиски стимулации. Резултатот е експлозија на нови марки, кои сега се борат за опстанок во услови на „дивјачка војна со цени“.

Барa додава дека овој пазарен хаос не влијае само на малите компании — дури и гиганти како BYD почнуваат да го чувствуваат товарот. Минатиот месец BYD забележа пад на продажбата од 5,5% во однос на истиот период лани, а компанијата призна дека профитот ѝ се намалува поради „претерано агресивен маркетинг“ и поплавата од попусти.

„Мора да се направи разлика помеѓу експанзија и одржлив бизнис. Сегашната ситуација едноставно не е одржлива,“ додаде Барa.

Во последните месеци, неколку помали кинески производители веќе банкротираа или беа купени од поголеми групации. Дури и Xpeng предупреди дека во следната деценија само „околу седум големи компании“ ќе преживеат, додека сите останати ќе исчезнат од сцената.

Слична ситуација, иако на помал обем, се очекува и во САД по укинувањето на федералните субвенции за електрични возила во септември. Тие обезбедуваа до 7.500 долари попуст при купување нов електричен автомобил.

Барa смета дека ова ќе донесе „поспор раст“, но сепак верува дека трендот на електрификација ќе продолжи. „Пазарот ќе се стабилизира. Ќе има раст, но овојпат – реален, одржлив и поттикнат од побарувачка, не од субвенции,“ заклучи таа.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја