Nissan затвора уште една фабрика

ОБЈАВЕНО НА:

По фабриката во Барселона, Шпанија, Nissan објави дека ја затвора и фабриката во Индонезија.

Јапонскиот производител поминува низ најтешкиот период во последните две децении. Коронавирусот, но и кризата во односите со Renault е причина за тоа.

Генералниот директор Макото Учида на пред новинарите изјави дека производствените процеси од Индонезија ќе се префрлат во Тајланд, додека во Европа центар на производството ќе биде фабриката во Сандерленд.

Со реструктуирањето, Nissan планира да заштеди значително на финансии, но при тоа очекува пад на производството од минимум 20%.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK