Nissan со планови за освојување на африканскиот пазар

ОБЈАВЕНО НА:

Nissan започна со реализирање на плановите за освојување на африканскиот пазар, основајќи при тоа нова дивизија наменета за овој континент.

Јапонскиот производител веќе има своја компанија во Африка, Nissan Africa, која е лоцирана во главниот град на јужноафриканската Република, во Преторија. Со спроведувањето на новата инвестиција, ќе биде опфатен целиот континент, вклучувајќи ја и суб-сахарска Африка кој е регион со најмала продажба во светот – помалку од 1% од вкупната глобална продажба.

Покрај центарот за истражување и развој, во Африка, Nissan ќе отвори и фабрики, а во кои земји засега не е познато. Познато е само дека Nissan, како и VW, BMW и Toyota, веќе лобираат кај владите на повеќе земји за добивање на што е можно подобри услови за инвестирање.

Инаку на овој пазар, Nissan нуди повеќе модели меѓу кои: Sunny, Almera, Leaf, Kicks, Terra, Magnite, Qashqai, X-Trail, Pathfinder, Patrol, NP200, Navara, NV350, NP300, GT-R…

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK