Nissan со нов електричен седан

ОБЈАВЕНО НА:

Јапонскиот производител Nissan започна со производство на нов електричен седан, дизајниран специјално за кинескиот пазар како еден од повеќето планирани евтини електрични автомобили кои компанијата во наредниот период планира да ги лансира на овој пазар.

Sylphy Zero Emission е називот на новиот модел кој во суштина се базира на електричниот хечбек Leaf, а јапонскиот производител го произведува овој модел во соработка со кинеската компанија Dongfeng Motor.

Цената на овој модел изнесува 166 илјади јуани или околу 25.850 американски долари, а причината за оваа релативно ниска цена кога се во прашање EV возилата е тоа што кинеската влада веќе подолго време доделува значајни субвенции за сите EV возила произведени во Кина.

Nissan Sylphy ZE

Како што соопштуваат од Nissan, Sylphy Zero Emission е опремен со електричен мотор со 109 КС, а максималната брзина која може да ја достигне изнесува 144 км/ч. Со едно полнење на батеријата, може да измине околу 338 километри.

Со овој модел, Nissan влегува во конкуренција на пазарниот сегмент на евтини електрични автомобили, а до крајот на годината се очекува и General Motors и Volkswagen да лансираат идентични автомобили во овој пазарен сегмент.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK