Nissan прослави 10 години на LEAF со специјална верзија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ОБЈАВЕНО НА:

Европскиот дел на Nissan објави дека за да одбележи десет години од пазарното лансирање на првиот целосно електричниот автомобил во светот – LEAF, компанијата стартува со понуда на специјална верзија LEAF10.

Nissan LEAF10, кој ќе може да се купи во продажните салони на брендот во Европа во текот на овој месец, добива нова надворешна боја на модификациското портфолио на моделот и ја надоградува опремата со уникатни декоративни апликации и елементи.

Внатрешноста на електромобилот е надградена со In-Car Wi-Fi системот а безжичен пристап до интернет, а во опремата на специјалната верзија се вклучени и високотехнолошкиот систем за асистирње на управувањето ProPILOT и технологијата e-Pedal за контрола на погонот со една педала.

„Од ласирањето на LEAF во 2010 година, Nissan непрекинато ja развива својата технологија на електричен погон, услуги за поврзување и дизајн за да се обезбеди дека ги исполнува потребите и секојдневниот живот на нејзините сопственици“, вели Хелен Пери, директор за маркетинг на електрични автомобили и Инфраструктури на Nissan во Европа

Nissan Leaf

Nissan LEAF10 ќе може да се купи во продажните салони на брендот во Европа во текот на овој месец, добива нова надворешна боја на модификациското портфолио на моделот и ја надоградува опремата со уникатни декоративни апликации и елементи. Внатрешноста на електромобилот е надградена со In-Car Wi-Fi системот а безжичен достап до интернет, а во опремата на специјалната верзија се вклучени и високотехнолошкиот систем за асистирње на управувањето ProPILOT и технологијата e-Pedal за контрола на погонот со една педала

„Нашиот иконски модел привлече повеќе од 180.000 возачи од цела Европа. Се надеваме дека со подобрениот стил и најновите технологии, како In-Car Wi-Fi и функциите на далечински управувач, вклучувајќи отклучување и заклучување за можност за примање на пртки, LEAF може да продолжи да ги возбудува оние кои штотуку го почнуваат своето електрично патување“, додава Пери.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK