Nissan објави дека ќе започне со повлекување на околу 1,2 милиони возила од САД, Канада, Јужна Кореја и Израел поради проблеми со задната камера односно софтверот со чија помош се продуцира видеото на екранот кај возачот.
Повлекувањето опфаќа повеќе модели од брендовите на Nissan и Infiniti произведени оваа и минатата година. Ќе бидат повлечени моделите Altima, Frontier, Kicks, Leaf, Maxima, Murano, NV, NV200, Pathfinder, Rogue, Rogue Sport, Sentra, Titan и Versa на Nissan како и Q50, Q60, QX30 и QX80 на Infiniti.
Во соопштението Nissan соопштува дека за овој проблем испратиле известување до NHTSA, а со повлекувањето е започнaто на 21 октомври и ќе биде на трошок на производителот.
Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]