Nissan објави дека ќе спроведе намалување на вработените со тоа што на глобално ниво ќе укине нешто повеќе од 10 илјади работни места.
Како што пренесуваат повеќето јапонски медиуми, отпуштањата ќе се спроведат и во Јапонија, Велика Британија, САД, но и останатите земја, а ќе бидат опфатени најразлични сектори, од производство, па се до маркетинг и истражување и развој.
Целта на оваа одлука е долгорочно намалување на трошоците и подобрување на профитот со што очекуваат згзолемување на ефикасноста на компанијата.
Само за потсетување, Nissan претходно укина и 4.800 работни места со што вкупниот број сега ќе изнесува над 15 илјади.
Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]