Nissan остана без конкурент на Golf

ОБЈАВЕНО НА:

Откако јапонскиот производител Nissan пред неколку месеци објави дека ќе се посвети исклучиво на производство и продажбата на SUV возила, сега во пракса ги покажува овие заложби.

Првиот драстчен чекор е прекинувањето на производството на моделот Pulsar со што Nissan повеќе нема да има претставник во C сегментот, истиот оној во кој неколку децении владе Golf. Всушност и Pulsar беше смислен како конкурент на овој модел на Volkswagen, но при тоа не забележа некој посебен успех.

Ова е сосема очекуван потег на јапонскиот производител откако во јуни годинава претстана со производство на овој модел за европскиот пазар, а сега го прекинува и во целост вклучувајќи го производството на моделот Almera (називот на Pulsar за рускиот пазар) во Русија. Сега единствен не SUV модел во понудата е Micra, модел чија актуелна генерација премиерно беше претставена минатата година.

Nissan Pulsar за прв пат во производство се појави во 1978 година, а во континуитет се произведуваше се до 2005 година. Од 2013 година се појави актуелниот модел кој поради слабата продажба, но и големата популарност на SUV моделите, јапонскиот производител се одлучи да го стопира производството на овој модел.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK