Nissаn објасни зошто и како работат камуфлажите кај тест автомобилите

ОБЈАВЕНО НА:

Повеќето автомобили ги фотографираат со месеци, па дури и една година пред нивното деби пред пошироката јавност. Тоа се случува бидејќи освен развојот на автомобилите тие бараат и множество физички тестови, кои нема каде да се случат освен на „цивилната“ патна мрежа. Повеќето од новите модели се целосно или делуно покриени со камуфлажа, а од Nissаn откриваат зошто точно има потреба од тоа.

Најверојатно сите ќе се сетат дека фунцијата на на маскирната фолија е да бидат скриени формите на автомобилот, но практично тој има и друга важна улога кога ќе биде снимен од снаодливи фотографи. Поради специфичната форма на шарките, често камуфлажата не може да биде добро фокусирана од фотоапаратите, а во комбинација со тоа, повеќето автомобили се „фатени“ во движење, тогаш неговaта друга цел е да предизвика не толку јасни фотографии иако може да се види дека тоа не е оргомен проблем за современата техника.

Од компанијата од Јапонија велат дека во текот на минатата година се користени над 3,6 километри камуфлажна фолија за да се сокријат новите модели. Покрај него тие користат исто така и фолија за покривање на елементите на фаровите бидејќи кај повеќето модели имаат карактеристични светла со свој сопствен потпис. Друг начин за да се сокријат формите на автомобилот е да се стави постава под камуфлажата, која ќе ги измами и нема да ги предаед вистинските форми кај тест автомобилите.

И покрај обидот на повеќето производители на автомобили да ги сокријат прототиповите, некој пат тие играат важна улога кај маргектинг потезите и повеќе од еднаш се гледани тест автомбили без камуфлажа или оставени максирани автомобили на видни места за да бидат снимени од фотографите без поголем проблем.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK