Во октомври минатата година Nissan ја претстави продукциската верзија на моделот Magnite. Станува збор за мал кросовер кој се базира на CMF-A+ платформата која ја користат неколку модели од Renault-Nissan-Mitsubishi Алијансата.
Сега по нешто повеќе од два месеци се појави информација според која целото планирано производство за оваа година е веќе распродадено.
Како што откриваат неофицијалните извори, од самото претставува на овој модел, секојдневно во просек пристигнувале илјада нарачки за малиот кросовер кој е со должина од 3.995 мм.
Инаку овој автомобил освои и четири ѕвезди на ASEAN NCAP краш тестот.
Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]