Новиот Nissan Leaf кој е стопроцентен електронски модел ја доби првата меѓународна награда од американската Consumer Technology Association за најиновативен продукт на 2018 година. Покрај тоа доби и награда во категоријата „Технологија за еден подобар свет“.
Новиот Leaf кој ќе биде пуштен во продажба на почетокот на следната година излегува на пазарот со нов дизајн и технологија, а тука е и специфичниот систем за забрзување/успорување со еден пендал, e-Pedal.
Овој електромобил ќе може да помине 378 километри, а ќе има можност од 150 коњски сили, како и можност за брзо полнење до 80 проценти за само 40 минути.
Основен акцент при создавањето на новиот Nissan е ставен на високотехнолошкиот систем proPILOT, кој гарантира управување во една лента при движење по магистрала. Се вклучува со едно копче, по кое е во можност да го преземе управувањето, забрзувањето и намалувањето на брзината, кое е одлично решение за долги патувања. Во иднина ќе се развива комбиниран систем за безопасност, а крајната цел е да се достигне автономно движење во градски услови со безопасно минување на раскрсница.
Интересен е фактот што батеријата на електромобилот може да се користи и како дополнителен извор на електрична енергија за домашна употреба.