понеделник, 25 декември, 2025 година

Nissan Leaf наполни десет години

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Компанијата Nissan одбележа десет години од појавата на првиот масовно произведен целосно електричен автомобил во светот – Leaf, од кој во моментов се реализирани повеќе од 500.000 примероци.

„Со достигнувањето на овој важен настан сакавме прво да ја изразиме нашата благодарност кон сите клиенти кои дојдоа со нас на ова електрифицирано патешествие. Со преминувањето кон електрична мобилност, нашите клиенти низ целиот свет нè приближија до поодржливо и поотпорно општество“, вели Макото Учида, претседател и извршен директор на Nissan.

- Advertisement -

Според проценките на Nissan, сопствениците на Leaf, кој се произведува во Јапонија, Велика Британија и САД, а се продава во 59 земји во светот, поминале вкупно 16 милијарди километри, заштедувајќи повеќе од 2,5 милијарди килограми СО2 емисии.

Следниот чекор во авантурата за електрификација на Nissan се нарекува Ariya- модел, кој е од исклучително значење за брендот и реализирањето на планот за продажба на 1.000.000 електрифицирани возила (целосно електрични и опремени со e-POWER погонски систем) годишно до 2023 година.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја