Nissan Leaf ја надмина бројката од 400.000 продадени автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

И додека сите се насочени кон електричните модели на Tesla и електричната иднина на германските производи, во позадина историјата на електрични автомобили ја испишува Nissan Leaf.

Јапонскиот производител со гордост објави дека ја надминале бројката од 400 илјади продадени електрични автомобили од овој модел со што стана најпродаван електричен модел во историјата на автомобилизмот.

Најголем дел од овие продадени автомобили или речиси 150 илјади се продадени во САД. По САД, следат Европа и Јапонија каде се продадени по околу 120 илјади автомобили. Најголем национален пазар во Европа е Норвешка со продадени 33,156 Leaf електрични автомобили заклучно октомври минатата година.

Leaf за прв пат во понудата на јапонскиот производител е понуден во 2010 година, а седум години подоцна е воведена и втората генерација од овој модел. Во 2010 година ја добива престижната награда за најзелен автомобил на годината, а година подоцна и престижните награди “Европски автомобил на годината” и “Светски автомобил на годината”.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK