Nissan конечно доби нов директор

ОБЈАВЕНО НА:

Аферата поврзана со Карлос Гон придонесе да Nissan од крајот на минатата година ги влоши односите со својот партнер Renault, но истовремено и низа проблеми во раководната структура.

Најголемиот проблем на управниот одбор беше да пронајде адекватна долгорочна замена за Гон. Сега, по неколку месеци, управниот одбор и официјлно го назначи Макота Учида за извршен директор. Тој на оваа позиција доаѓа на местото на Хирота Саикава кој ги продолжи скандалите во Nissan откако призна дека добивал спорни парични уплати, слично како и неговиот преходник, Гон.

Учида на оваа позиција доаѓа од позицијата директор на кинеската дивизија на Nissan, а засега не е познато колку ќе изнесува неговата плата и до кога е потпишан менаџерскиот договор.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK