Раководството на Nissan е цврсто решено да ги намали трошоците, а со тоа и да ја зголеми профитабилноста на компаниајта.
Откако го претстави планот за намалување на бројот на вработени за 12.500 лица, Nissan објави дека ќе ја намали и понудата на автомобили за 10%.
Редуцирањето на автомобилите во понудата ќе се случи кај сите три брендови на овој прозиводител: Nissan, Inifniti и Datsun, а при тоа најмногу ќе настрадаат малите градски автомобили кои носат и најмала добива по продадено возило.
Првиот човек Хирито Саикава не потврди кои модели ќе бидат повлечени од понудата, но се шпекулира дека тоа ќе бидат моделите Versa, Note и Micra.
Претходно и Ford најави значително редуцирање на понудата каде во први редови ќе бидат исфрлени малите градски автомобили.