Nissan ќе понуди и електричен СУВ

ОБЈАВЕНО НА:

Според пишувањето на англискиот AutoCar, за време на меѓународниот саем во Токио (27 октомври- 5 ноември) Nissan ќе направи нов решителен чекор во електрификација на своето портфолио, и ќе претстави концептен СУВ со целосно електричен погон.

Според AutoCar, новиот електричен СУВ на Nissan ќе биде претставен на пазарот во 2019 година, и ќе биде со димензии малку поголеми од моделот Qashqai.

Електричниот СУВ на Nissan ќе ја користи платформата на новата генерација на првиот и најпродаваниот електричен автомобил во светот, Leaf. Веројатно идниот модел на марката ќе користи високотехнолошки системи што се најавени и кај Leaf, како ProPILOT, e-Pedal и ProPILOT Park, како и негова погонски систем.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK