Nissan ја разгледува можноста за продажба на уделот во Mitsubishi Motors

ОБЈАВЕНО НА:

Nissan поседува 34% од вкупниот број на акции во Mitsubishi Motors и со самото тоа е најголем акционер во јапонскиот производител.

Блумберг ја пренесува веста според која сега, раководството на Nissan размислува да ги продаде овие акции и да се повлече во целост од сопственоста во Mitsubishi Motors.

Блумберг повикувајќи се на неименувани извори, потенцира дека ваквата одлука би можело да се донесе поради слабите финансиски перформанси на Mitsubishi Motors, а од друга страна и за да се обезбедат доволно финансии за спроведување на новиот стратешки план и лансирањето на новите модели.

Покрај Nissan, Mitsubishi Heavy Industries поседува 10,77% од акциите на Mitsubishi Motors, 9,25% поседува Mitsubishi Corporation, а над 2% од акциите поседуваат уште и JTSB Investment trusts и TMTBJ.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK