Nissan ја претстави внатрешноста на Magnite

ОБЈАВЕНО НА:

Пред речиси еден месец Nissan го претстави новиот концептен модел Magnite. Тогаш, јапонскиот производител го претстави надворешниот изглед, а сега ја објави и првите фотографии од внатрешноста.

Од фотографиите може да се забележи дека овој концепт располага со инфозабавен систем со 8 инчен екран осетлив на допир. Nissan објави дека овој концепт во сериска изведба ќе дојде со темпомат, камера од 360 степени и бројна друга напредна технологија.

Од фотографиите впечатливи се и стилските седишта како и тапацирот на вратите во црвенкаста боја.

Nissan Magnite concept

Што се однесува до самиот концепт Magnite, тој претставува мал урбан кросовер со должина од речиси четири метри. Се базира на CMF-A+ платформата која ја користат неколку модели од Renault-Nissan-Mitsubishi Алијансата. Оттука Magnite ќе дели бројни компоненти како и Capture.

Nissan Magnite concept

Во продажба ќе се појави во јануари следната година на пазарите во Азија.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK