Ништо од нашата радост: Германците пак бараат дизел возила на старо

ОБЈАВЕНО НА:

Податоците од Федералната агенција за автотранспорт (КВА) велат дека во јуни само една третина од Германците купиле нов дизел аввтомобил. Од друга страна, пак, бензинците имаат рекордни 63 проценти.

Дизеловиот барометар на германската автомобилска генција DAT (Deutsche Automobil Treuhand GmbH) покажува знаци на нормализирање на пазарот за употребувани дизел возила. Според информацијата од КВА во мај годинава се регистрирани повеќе промени на сопственоста на Евро 5 дизел автомобилите отколку при претходниот месец.

Стабилизирачката тенденција на пазарот се набљудува од почетокот на годината. Независно од тоа, како и претходно, така и сега секторот се бори со долгиот претстој на дизел автомобилите во автокуќите пред тие да бидат продадени. Едно дизел возило минува во просек 106 дена кај автодилерот пред да го смени сопственикот додека бензинците претстојуваат во просек 86 дена.

И покрај тоа, актуелното проучување на DAT покажува дека сè повеќе корисници одново се интересираат за купување на дизел превозно средство. Од идните купувачи 13 проценти во моментов ќе изберат дизел возило. Во март годината процентот бил 11. Покрај тоа 34 проценти од возачите на дизел возила одново претпочитаат автомобил со ист мотор што претставува зголемување од пет поени во однос на март.

Без претстојните забрани за движење дури 30 проценти од испитаниците ќе изберат дизел автомобил. За споредба во март таа бројка била 26.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK