Ништо ново: Golf си „гази“ во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Според последните податоци на JATO Dynamics, во изминатиот месец во Европа се забележува намалување на побарувачката на нови автомобили, но еден автомобил останува да биде лидер – VW Golf. Продажбата за септември била 1.461.683 возила, што претставува намалување од 2,2% во споредба со истиот месец 2016.

И во септември најдобро продаваниот бренд во Европа продолжува на биде Volkswagen (157.029 возила, -2.7%), а во првите три влегуваат уште Renault (95.160, -1.7%) и Ford (94 297, -14.3%).

Кај автомобилските брендови на челната позиција е Volkswagen Group со пазарен удел од 23,26 %, по што доаѓаат PSA (со Opel/Vauxhall) со 14,96%, Renault-Nissan-Mitsubishi со 14,05%, BMW Group со 7,66%, Daimler со 6,93 %, Hyundai-Kia со 6,61%, Ford со 6,45%, FCA со 6,11%, Toyota со 4,74% и Tata Group со 1,98%.

Најпродаван нов автомобил во Европа во септември е Volkswagen Golf (со пораст од + 10,8% односно 51.500 возила). На второ место со раст од 13,6% односно 28.987 единици се наоѓа Nissan Qashqai, а на трето е Renault Clio (26.902, + 3%).

Со одлични подобрувања во споредба со минатата година можат да се пофалат Citroen C3 (+ 50,9%), Peugeot 3008 (+ 505,7%), BMW 5 Series (+ 54,2%), BMW X1 (+ 55,3%), Fiat Tipo (+56,1 %).

SUV моделите продолжуваат да уживаат постојано зголемен интерес, а само во септември побарувачката им се зголемила со импресивни 14,1% до ниво од 461.571 возила. Пазарниот удел на овие автомобили пак е зголемен од 27,1% во септември 2016 до 31,6% за истиот месец годинава.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK