Колку еден автомобил е „жежок“ се гледа по перформансите и постигнатите времиња на кружната патека на Нирбургринг. И постојат повеќе категории во однос на рангирањето кој е најдобар. Со време од 7:43,8 мин. нов владател на патеката е Honda Civic Type R. Toa e за три секунди подобро од досегашниот рекод на Golf GTI Clubsport S во категоријата на автомобили со преден погон.
Уште во 2015 година Honda со претходниот модел на Civic Type R постави рекорд и тоа со време 7:60,63 со што дотогаш Civic беше најбрз автомобил со погон на предните тркала. Но, само после една година дојде до смена. Подобро време постигна Golf GTI Clubsport S. Toj во првиот обид постигнува време од 7:49,21, а во вториот обид Golf беше уште побрз, односно 7:47,19.
Откако го развија новиот модел сега Јапонците повторно се во игра за најбрз автомобил. Актуелниот Civic Type R со дволитарски четирицилиндричен турбо мотор со 310 КС и 400 Нм. вртежен момент оствари за три секунди подобро време од она на Golf.
Возилото со кое е поставен новиот рекорд бил опремен со безбедносне кафез со кој не е дополнително зголемена крутоста на каросеријата, а користел гуми што можат да се користат на јавните патишта. Но, немало задни седишта и систем за мултимедиа.