Никој веќе не ги нуди: Крај на класичните рачни кочници

ОБЈАВЕНО НА:

Порталот од Велика Британија, Car Gurus пресмета дека само 24 проценти од новите автомобили доаѓа со класична рачна кочница. Електричните сопирачки за паркирање се тренд кој не се запира.

Новите модели на автомобилите како Nissan Jukea, BMW Series 1, Peugeot 208 или BMW Series 3 ја отфрлија рачната кочница. Единствените модели автомобили во кои рачната кочница ја има во сите верзии се оние од романскиот производител Dacia.

Alfa Romeo, DS, Honda, Jaguar, Land Rover, Lexus, Mercedes, Porsche и Volvo во потполност ја имаат исфрлено рачната кочница.

Проценката е дека во следните неколку години рачните кочници ќе ги снема од пазарот. Електричните кочници за паркирање заземаат помалку место, а со нив во правило оди и функцијата hill hold assist, помош при движење низбрдо, која е корисна за многу возачи.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK