Никој ништо не им може: Чак Норис е бренд амбасадор на Fiat Profesional

ОБЈАВЕНО НА:

Чак Норис нема потреба од автомобил бидејќи тој секаде побрзо стигнува пеш. Но, тоа не го спречи да стане ново заштитно лице на Fiat Profesional.

Познат по неговото актерско искуство во филмови во Холивуд, многуте шеги и вицеви во кои тој е вклучен, 77-годишниот Норис беше избран од страна на италијанскиот бренд да биде нивни претставник за новата маркетиншка платформа што треба да стартува следниот месец.

Според официјалните лица на компанијата тој е одлично лице за она за што е избран бидејќи неговиот фејсбук го посетуваат милиони луѓе, и има над 6,5 милиони лајка од 45 различни земји. Тоа е одлична препорака за неговата препознатливост во целиот свет.

Сега со нетрпение ја очекуваме маркетинг кампањата за да видиме како Чак Норис ќе се снајде во рекламирањето комерцијални возила.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK