Никој не слушнал за нив, а они претставија автомобил во Франкфурт

ОБЈАВЕНО НА:

Кога некој ќе ви спомене “Сан Хуан” тогаш тој може да мисли на главниот град на Порторико, островот во архипелагот Вашингтон или можеби на светецот во католичката црква.

Ако му го спомнете ова на некој од Тајван и го прашате на што го асоцира истото тогаш голема е веројатноста да добиете ист одговор. Можеби ќе имате среќа ако некој спомене дека тоа е производител на автомобили од Тајван.

Но ако се упатите на саемот во Франкфурт тогаш има веројатност да налетате на штандот на овој производител кој е затскриен во еден ќош. Станува збор за компанија од Тајван основана во 1984 година која е во алијанска со Yamaha, а пред неколку години доби и 30 милиони долари за развој.

За автомобилот не се знае многу, ниту на кој погон е, ниту дали ќе се појави во производство. Речиси никој од посетителите не го знаат овој производител, а самиот автомобил на интернет и не доби некои воодушевувачки критики.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK