Ники Лауда постхумно ја доби наградата за личност на годината

ОБЈАВЕНО НА:

На свечена церемонија организирана од страна на Светската автомобилска федерација (FIA) во Париз, постхумно, наградата за личност на годината му е доделена на Ники Лауда.

Лауда беше роден на 22 февруари 1949 година, а остави голема трага во мотоспортот. Возеше за March, BRM, Ferrari, Brabham и McLaren, а во својата кариера забележа 25 победи, 54 подиуми и 24 пол-позиции. Во сезоните 1975, 1977 и 1984 година завршуваше како лидер на генералниот пласман.

Почина на 20 мај годинава на 71 годишна возраст.

Инаку на оваа церемонија, на Луис Хамилтон му беше врачен пехарот. За потег на годината беше прогласен оној на Макс Ферстапен кој го претекна Леклер на трката за големата на града на Велика Британија.

За најдобар дебитант е прогласен Александер Албон од Ред Бул, додека пак наградата за најдобра организација припадна на организацискиот одбор на трката за големата награда на Мексико.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK