Ние го испробавме Peugeot 508 – сега сте вие на ред!

ОБЈАВЕНО НА:

За Peugeot новиот модел 508 е особено важен бидејќи со него влегува во премиум сегментот, и покажува дека ќе нападне многу традиционални марки кои досега царуваа во овој сегмент. Голем, убав, моќен и опремен. И не само тоа. Дизајнерски напреден продолжувајќи ја традицијата на Peugeot да изненадува и да најавува радикални дизјани.

На предниот дел на 508 доминираат нови LED светилки, кои имаат овална форма. Позади водечки елемент се стоп светлата, кои се предлагаат со познат дизајн од кросоверите 3008 и 5008. Новиот 508 ќе се изработува на EMP2 платформата која се користи за намалување на тежината во однос на претходникот, но ќе отвори и простор во внатрешноста.

На релација Скопје – Битола имавме можност првично да се запознаеме со она што во иднина ќе биде достапно на македонскио тпазар преку генералниот увозник Еуроимпекс. На располагање имавме четири возила, два со бензински и два со дизелски мотор.
1.6 PureTeck /180hp, Allure,
1.6 PureTech / 225hp, GT,
2.0 BlueHDi 180 ,GT Line,
2.0 BlueHDi / 160 hp, Allure

И нормално сите сакаат да видат што е тоа ново, што е тоа толку добро што му донесе неколку награди на 508. Нашето менување од модел во модел, од возило во возило само повеќе не присилуваше да не сакаме да го смениме возилото. Без разлика кој мотор го имавме „под седиште“ имавме уникатно чувство. Комфор на ниво, опрема над очекувањата, и возни својста за пофалба.

Внатрешноста на почеток може малку да ви изгледа „вселенски“, но брзо се навикнуваш. Почетната љубопитност е поврзана со постојано чепкање на копчињата и прекинувачите, со сите можно апликации, опции и можности.

Цената понекогаш и не е пресудна ако треба да се стави на кантар што се добива за вложеното. Новиот 508 ценовно почнува од 33.500 евра, а во зависност од желбите може да се добие и многу дополнителна, атрактивна и пред се потребна опрема.

Ние го испробавме Peugeot 508 – сега сте вие на ред. Новиот Peugeot 508 е достапен во салоните на Еуроимпекс и сите заинтересирани можат да закажат тест возење на следниов линк: https://peugeot.mk/vozila/test-vozenje/508

Следете не и на:

24AUTO NETWORK