Ни „топ не го бие“ новиот „Звер“ на Трамп (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Американската тајна служба ги извршува последните тестови на новото возило кое се подготвува за Претседателот на САД, Доналд Трамп. Лимузината за Трамп е позната и под името „Звер“, а возилото е и навистина такво. Се работи за Cadillac кој вреди околу 1 милиони и 200 евра. Вратите се со дебелина од 20 сантиметри, а станува збор за вистинско оклопно возило бидејќи целиот автомобил е блиндиран.

Овој автомобил е отпорен и на различни експлозици, а во внатрешноста има и боци со кислород во случај на хемиски напад. Трамп го очекуваше ова возило уште минатата година, но датумот на изработка постојано беше пролонгиран, а во четвртокот беше потврдено дека промоцијата на лимузината ќе биде кон крајот на летото.

Директорот на Cadillac, Јохан де Нишен изјави дека компанијата веќе го одработила својот дел од работата и дека веќе го предале автомобилот на властите. Сепак, автомобилот мора да помине низ рацете на агентите кои вршат контрола и подготовки пред Трамп да седне во возилото.

Новиот „Звер“ ќе биде замена за автомобилот кој е изработен уште за Барак Обама, а ќе се придружи на збирката на уште 12 од најбезбедните возила во светот.

Лимузината е со тежина од осум тона. Дебелите врати се затвораат херметички за да спречат хемиски и биолошки напади, а комплетниот автомобил и стаклата се отпорни на куршуми. Единствениот прозор кој се отвора е тој до возачот.

Подвозјето е засилено за автомобилот да успее да преживее преминување преку експлозивни направи, а резервоарот за гориво е отпорен на експлозиви. Исто така и гумите се изработени од кевлар. Во багажникот би требало да се најдат и резерви на крв во случај на потреба од итна трансфузија.

И додека некои автомобили во вратите имаат чадори „Звер“ ќе има пушка во случај на напад, но и солзавец како и опрема за борба со пожари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK