Новиот уред за снимање на автомобилите и брзината со која се движат на патиштата покажува дека може да се бори против сите лоши услови и ова значи дека ќе нема спас за неодговорните возачи. Уредот има напредна фото технологија и ноќен филтер па може да прави квалитетни фотографии и на голема одалеченост.
Овој нов супер радар беше претставен на саемот за иновации во Мадрид. Стручната публика со големо возбудување го прифатила претставувањето на рачниот ласерски радар TruCAM II, кој е произведен од страна на компанијата Tradesegur од Шпанија.
Дометот му е околу 1200 метри и ги снима сите брзини до 320 км/ч. Има напредна фототехнологија така што и оние кои прават прекршок на поголема одалеченост и се трудат да намалат додека дојдат до полицијата ќе бидат уловени.
https://www.facebook.com/GeotechPH/videos/931282110381495/
Исто така може да работи и во кои било временски услови бидејќи користи ласер. На една мемориска картичка може да бидат снимени 40.000 фотографии или околу 16.000 видео фајлови. Со него оди и уред кој е способен да го анализира типот на возилото, бојата и регистрацијата па веднаш ќе може да се пронајде и сопственикот.