Ни Германците не се тоа што беа: Возат пребрзо и не користат трепкачи (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Ги сметаат за дисциплинирана нација која се придржува до правилата. Направена анкета во Германија на прашањето дали би чекале пред расипан семафор или би поминале на црвено светло, дала резултат дека само шест проценти одговориле дека ќе го прекршат законот. Сепак, овие бројки и не се така веродостојни бидејќи податоците за направените сообраќајни прекршоци велат нешто сосема друго.

Редакцијата на Дојче Веле на Босански јазик направила интересна сторија околу стереотипите за Германците и за тоа колку се тие навистина дисциплинирани во сообраќајот.

Дури 93 проценти на Германци зад воланот возеле многу побрзо од она што го дозволува максималната брзина на патиштата. Тоа би го направиле и 22 отсто од велосипедистите и дури 71 отсто од пешаците. Истражувањето покажало и дека 59 проценти од испитаниците не ги користат трепкачите за покажување на правецот при вртење.

Ова е нешто кое не може да се замисли за Германија бидејќи обично Германците беа тие коишто се држат до правилата и ги почитуваат законите. Се сметаше дека речиси и да не постои Германец кој прави прекршок, но очигледно дека не било сè така и во земјата каде што главно сите се држат до правилата.

Сега времињата се сменија, или пак поголеми влијание има се поголемиот број на емигранти што постојано се доселуваат во земјата. Заедно со себе ги носат и лошите страни од личната култура. Веќе ни Германците не се тоа што беа..

Следете не и на:

24AUTO NETWORK