Незаконски поставиле камери – на казнетите возачи ќе им вратат 132 милиони денари

ОБЈАВЕНО НА:

Камерите за мерење на брзината се поставуваат со цел да се смират страстите на возачите што сакаат да притиснат повеќе на педалот за гаста, и да ги натераат да ги почитуваат сообраќајните правила. Така се собираат милионски суми од казни. Но, ако истите се поставуваат на погрешни места, тогаш локалните власти ќе треба да ги вратат парите од казните.

Токму то се случило во Њу Мајамаи во американската сојузна држава Охајо. Таму камерите за мерење на брзината „собрале“ казни во износ од 2,4 милиони долари (околу 132 милиони денари). Но, бидејќи во САД за сѐ се оди на суд, и со добар адвокат сѐ може да се победи, така и во овој случај добрите адвокати успеале да докажат дека камерите биле стратечки поставени само со цел да се соберат повеќе пари.

Докажале дека камерите биле поставувани за да обезбедат неправеден профит. Дополнително е што камерите не ги поставила градската власт туку некоја фирма, која добивала 40 отсто од казните.

И случајот стигнал до суд, се тврди дека биле повредени уставните права на возачите, и затоа целиот циркус стигнал до врховниот суд на сојузната држава Охајо. Ако на овие 2,4 милиони долари се придодадат и цената на чинењето на судењето вкупната сума може да достигне до 3 милиони долари.

Но, ова може само во Америка. На нашиве простори тешко се докажува дека државата нешто погрешила, а уште потешко да се вратат пари на оштетените.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK