Неверојатно, но вистинито – во април во оваа земја не е продаден ниту еден нов автомобил!

ОБЈАВЕНО НА:

Да во текот на еден месец во овие кризни периоди не се продаде ниту еден нов автомобил на пазар за автомобили со големина како македонскиот, црногорскиот или албанскиот и не е ништо чудно. Но, да не се продаде ниту еден нов автомобил на вториот најголем пазар во Азија е вистински раритет.

Според официјалните продажни податоци во изминатиот месец април во Индија не е продаден ниту еден нов автомобил, пренесуваат локалните медиуми.

Во земјата во која живеат повеќе од една милијарда жители, овој резултат е остварен благодарение на строгите мерки на властите во борбата против коронавирусот. При тоа, покрај тоа што во најголем дел од месецот не работеа продажно-изложбените салони, не работеа ниту фабриките за автомобили во каде се прозиведуваат автомобили од неколку брендови како што се Honda, Suzuki-Maruti, Toyota, Nissan…

Со ова, продолжува лошиот период за продавачите на нови автомобили. Во март во оваа земја биле продадени незначителен број нови автомобили споредбено со истиот месец минатата година. Maruti-Suzuki кој е пазарен лидер, во март испорача само 76.240 нови автомобили што е пад за 47,4%.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK