Од страна на Nissan беше претставен новиот топ модел GT-R50 by Italdesign. Се работи за автомобил кој чини неверојатни 999.000 евра без данок. Со оваа астрономска цена ова е еден од најскапите нови автомобили во светот, а тоа значи дека е двојно поскап од повеќето реномирани возила Porsche, Lamborghini и Ferrari. Воедно околу 30 пати е поскап од просечниот Nissan на пазарот. Сепак, GT-R50 нема премногу врски со просечниот Nissan, бидејќи станува збор за вистински суперавтомобил кого по перформанси можат да го надминат само ретки.
Новиот Nissan беше создаден врз основа на класичниот GT-R кој се продава веќе 13 години и кој, кога се појави и покрај пониската цена, на тестовите и тркачките патеки во прашина зад себе остави голем дел од суперавтомобилите. Во однос на класичниот GT-R Nismo, новиот специјален модел е темелно дизајнерски изменет.
За изгледот се погрижил легендарното студио Italdesign, а направени се и многу други промени зад кои стојат конструкторските тимови на Nissan од Европа и САД. Автомобилот така е 5 сантиметри понизок, има нови LED светла, специјални бандажи со дијаметар од 21 инч. Промените во внатрешноста се помали, тука има повеќе детали од јаглеродните влакна, поквалитетна кожа…
Моторот е со значително помоќен, 3.8-литарски V6 и сега развива 710 коњски сили што е за 110 коњски сили повеќе отколку кај GT-R Nismo. Променет е и менувачот, а тука се моќните Brembo кочници како и спортските гуми Michelin Pilot Supersport. Перформансите, како забрзување и максимална брзина Nissan и понатаму ги држи во тајност, но сигурно се импресивни. Се очекува забрзување до 100 км/ч за помалку од три секунди и максимална брзина поголема од 330 км/ч.
GT-R50 е најавен уште пред две години, а тогаш почнаа нарачките. Сепак, до денес уште не се сите продадени што со оглед на цената и не е ни чудно. Значи, автомобилот уште може да се купи за околу милион евра плус данок, а доставувањето на првите примероци почнува кон крајот на оваа или почетокот на следната година.