Во изминатиов период сме сведоци на најразлични подвизи, најразлични поставувања на гинисови рекорди, но таман ќе помислиме дека не може да случат “полуди” работи, се појавува видео кое веднаш не демантира.
Последниот подвиг, последната несекојдневна работа е дело на џудо инструкторот Маркус Хас кој успеа да фати стрела во лет качен на Skoda Octavia, стрела лансирана од Лоренс Балдауф, повеќекратна олимпијка во стрелаштво.
Додека Балдауф ја лансираше стрелата, паралелно Хас возејќи се на Octavia Combi исправен преку сончевиот кров успеа да ја фати стрелата. Како сето тоа изгледаше погледнете на видеото во продолжение.
Се чини дека голема заслуга за успешноста на овој подгив има Skoda Octavia Combi RS 245 опремена со 2.0 литарски турбо мотор со 242 КС. Овој модел до 100-ка забрзува за 6,6 секунди, а чешкиот производител во спецификацијата на моделот може слободно да додаде дека со него се фаќаат стрели.