Неверојатна приказна: Пронајде и реставрираше отфрлено BMW M3 E30 (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ОБЈАВЕНО НА:

Со помош на среќата и сплет на неверојатни околности, еден голем вљубеник во автомобилите на BMW налета на напуштен, отфрлен и речиси целосно уништен М3 од генерацијата Е30. Веднаш се фрлил во потрага по оригиналниот сопственик и целосно го обновил автомобилот.

Приказната почнала еден четврток во државата Вирџинија во САД, каде по обичај се одржувало неделно собирање на сопствениците на возилата на BMW. Меѓу нив бил и еден од лленовие на r3vlimited форумот под псевдоним Tippey764, кој ја опишал својата фасцинантна приказна.

Како горд сопственик на BMW-a M3 E46 го покажал својот автомобил на заинтересираните деца кои се собрале околу него, а потоа одлучил да ги поведе на кратко возење.

Еден од нив му раскажал дека недалеку од неговиот дом се наоѓа стар и напуштен BMW, a на негово големо чудење и воодушевување на фотографиите кои му ги покажале се наоѓал M3 E30. Следните денови и недели се претвориле во различни обиди да се пронајде сопственикот на автомобилот за да може да го праша што се случило со него и дали автомобилот е на продажба.

Иако бојата била уништена, внарешноста полна со ѓубре, а под хаубата од моторот немало ништо. Каросеријата била без грешка и автомобилот бил вреден за макотрпно барање. Трагите од автомобилот како сообраќајна дозвола од 1995 година воделе во соседната напуштена куќа каде се пронајдени податоци за нејзиниот сопсрвеник кој ја напуштил куќата пред две години.

Еден од проблемите бил во тоа што регистрираниот сопственик на автомобилот и куќата биле две различни личности, а нивните имиња биле корејски, што уште повеќе ги направило работите тешки. Барањето на Google ја исфрлило куќата на различни адреси, како и една продавница за алкохолни пијалоци, но сите посети на тие места не дале резултати.

Сите патишта воделе кон ѕидот, но Tippey за среќа тогаш се сетил дека во сојузната држава Мериленд сите судски спорови се јавни и е можно да се дојде до основните податоци за личностите во нив. Една од околностите поради која не може да не се запрашате дали е запишано во ѕвездите да се пронајде сопственикот била таа што во тоа време тој добил казна за пребрзо возење, а покрај неговото име се наоѓала и новата адреса. На неа се наоѓала вила во вредност од 1,5 милиони долари со скапоцен возен парк, а од неа излегол постар човек кој не зорувал добро англиски, но ветил дека ќе го повика подоцна.

Откако поминала една недела без повик, тој одлучил да се врати до куќата, но овој пат на вратата го чекала жена за која се покажало дека е последниот чекор кон пронаоѓањето на оригиналниот сопственик на возилотот. Таа била неговата сестра. Tippey го повикал и после долго и веројатно малку незгодно објаснување кој е и што сака од него, сопственикот после првичното негодување одлучил да го продаде за само 2500 долари.

Повеќе од една година подоцна, автомобилот е реставриран, уредена е и внатрешноста, а автомобилот добил нова боја и нов мотор (S52 место оригиналниот S14). Ако веќе не е тогаш наскоро сигурно ќе се најде во огласите.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK