Несреќа на годината: возила вредни 3 милиони долари отидоа „јабана“ (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

На легендарната писта во Монца се случи најскапиот инцидент во годината. Во еден свиок се судриле реткиот супер автомобил Pagani Huayra BC и екстремното Porsche 911 GT2 RS.

Несреќата се случила на пистата за време на таканаречените „Отворени денови“ кога патеката не била организатор на други настани и секој можел да го користи за да управува со сопствениот секојдневен или тркачки автомобил, или, пак, да управува мотоцикл.

Пистата во Италија е во календарот во Формула 1 и е позната со својата сложеност. Дури и професионалните пилоти не се имуни на грешки на неа, а уште потешко е за аматерите како во случајот.

Pagani влегува во првиот свиок на пистата, кога другиот автомобил се удира во неа. Судејќи според кадрите, виновникот за несреќата влегува во свиокот со премногу висока брзина. И двата автомобили излегуваат од пистата при што вратите на Pagani се отвораат. Возачите на машините не настрадале, но страшно скапите автомобили имаат потреба од сериозен ремонт.

Porsche 911 GT2 RS располага со 3,8-литарски шестцилиндричен турбо мотор со 700 коњски сили. Спортскиот автомобил има максимална брзина од над 340 км/ч и забрзува до 100 км/ч за 2,8 секунди. Во Германија таков автомобил чини барем 282 илјади евра (310 илјади долари).

Pagani Huayra BC е опремен со 6-литарски тјунтурбо V12 од AMG, со моќност од 750 коњски сили. Компаниајта од Италија произвела само 20 автомобили со индекс BC, а основната цена на секој од нив се движи околу 2,4 милиони евра (2,6 милиони долари).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK