Неочекуван пораст од 9,1% на продажбата на автомобили во Западна Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Неочекуван пораст од 9.1% на продажбата во Западна Европа за месец април. Ова го покажуваат последните официјални податоци објавени од страна на LMC.

Според податоците во април годинава во земјите од Западна Европа биле регистрирани вкупно 1.224.680 нови автомобили што во споредба со истиот месец минатата година претставува пораст од 9.1%. Најмногу нови автомобили во месец април се продадени во Германија и тоа 314.055 автомобили што претставува пораст од 8% гледано на национално ниво.

По Германја, најмногу нови автомобили во април годинава се продадоа во Франција и тоа 187.396 и Италија каде е забележан пораст од 6.5%. Најмало процентуално зголемување во продажбата е забележано во Швајцарија каде продажбата на нови автомобили се зголемила за само 2,7%.

Инаку од почетокот на годината заклучно со 30 април во земјите од Западна Европа продадени се вкупно 5.144.402 што споредбено со минатата година претставува пораст од 1,8%. По бројката на продадени нови автомобили и натаму убедливо води Германија по што следи Велика Британија, Италија, Франција и Шпанија.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK