Временските услови влијаат многу на каросеријата на автомобилите, а таа е често подложна и на благи удари, гребење со клучеви, додека особено кај постарите возила се појавува рѓа. Потребно е да биде заштитена од пропаѓање и да се врати во изворната состојба .
Иако таа најчесто не е на првото место на размислување при набавка на ново возило без разлика дали се работи за примерок од салон или возило кое се купува преку оглас, лимаријата и нејзината состојба се многу важни.
Сопствениците на нов автомобил во стартот се поштедени од размислувањето за корозија и слични работи, но од оној момент кога автомобилот првпат ќе се најде на улица, веќе може да се соочи со удари, гребаници и напукнувања, а некои од нив можат да создадат добра подлога за развој на корозија, како на лимаријата така и на подвозјето.
Во овој смисол и не треба да се зборува за нешто постарите возила. Зависно од врстата на оштетување, но и подлогата, санирањето на лимаријата може да се изврши на неколку различни начини. Веројатно наједноставниот и на некој начин „најчистото“ поправање секако е оној без лакирање.
Таквите оштетувања се чести во градскиот промет, а посебно при паркирање. Иако знаат да изгледаат навистина лошо, не се така опасни и се санираат лесно и брзо.
При ваков проблем е најлесно да побарате совет од некој мајстор, кој е специјализран за поправка на оштетување на лимаријата и треба да се направи одредено поправање и нејзино израмнување. Тоа се прави со притисоци, со удирање од страна или со загревање на местото со топло лепило. Се работи за истиот метод според кој се исправа и кровот во случај на него да има паднато голема количина на снег.
Од друга страна посериозни оштетувања на напукнатиот лим, подлабоки гребнатинки како траги од клуч по лимот или појави на траги на корозија бараат заминување кај лимар односно лакер. Тој местото коешто е потребно да се поправа прво ќе го иструга за да ја извлече гребнатинката односно да ја тргне рѓата, а потоа треба да се издува со тргање на сите честички прашина и дае подготви за натамошна работа.
Потоа следува темелно премачкување со средство за пополнување на празнините. Притоа треба да се води смета шприц-китот да остави доволно време за сушење, па на влезот во комората и лакирањето, по правило на повеќе слоеви треба да се почека барем еден ден.