Нема зборување и праќање СМС додека возите

ОБЈАВЕНО НА:

Производителите на мобилни телефони и компаниите се соочуваат со барање од Владата на В.Британија за вметнување на софтвер што ќе овозможи возачите да не бидат отргнати од возењето со одговарање на телефонски повици и текстуални пораки.

На неформален состанок што треба да се случи веднаш по новогодишните празници, министерите и официјалните лица од Владата ќе побараат изнаоѓање на „drive safe“ позиција, слична на онаа кога патувате со авион. Тоа би требало да биде стандард, и да овозможи само примање на итни повици, или пак одредени повици од одредени личности.

Се размислува и за можност за автоматско блокирање на телефонот преку користење на ГПС техника, доколку возилото се движи со поголема брзина од некоја што би била одредена. Од пролетта 2017 во В.Британија секој што ќе биде фатен како разговара на мобилен телефон додека вози ќе плати казна од 200 фунти. Ако се повтори истото, ќе има и казнени бодови.

Од 2003 година во В.Британија е забрането да се користи мобилен телефон додека управувате. Но, последнава година се зголемува бројот на оние што тоа го прават иако е забрането, па бројот што зборуваат на мобилен се искачи на 31 отсто, во споредба со 2014 година кога тоа било само 8 отсто.

Во некои истражувања се споменува дека оние што зборуваат на мобилен телефон реагираа за 30 отсто поспоро во однос на оние кои размислуваат само за возењето.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK